ШоуБиз

Џеј Ло не го пушта Каспер

Иако во Бразил пристигнала носејќи само хеланки и шал, не ѝ требало долго време за да се трансформира во карневалска кралица. 42-годишната латино дива се пресоблекла во црвена облека со која ги истакнала своите облини на карневалот во Рио.

Друштво секако ѝ правел новиот дечко Каспер Смарт како и нејзиниот менаџер Бени Медина. Во последно време сите сме сведоци на тоа дека Џеј Ло никаде не оди без помладиот дечко.

 

На настанот, сите тројца носеле маички на кое го рекламирале едно од најпознатите пива во Бразил – Брама. Постојано со насмевка на лицето, Лопез ги поздравувала своите фанови кои желно чекале да добијат автограм од неа.

На настанот била забележана и пејачката Ферги во друштво на своите пријателки.

Напиши коментар