ШоуБиз

Џеј Ло: Не сум бремена и не спонзорирам!

Џенифер Лопез решила да им застане на пат на гласините кои почнаа да се шират за неа, па поставила порака на Твитер и демантирала сè што се пишуваше за неа изминативе денови по медиумите.

Дематирала дека очекува бебе и дека на својот млад дечко му дава пари. Ја прогласила за лажна и информацијата дека завршила во болница, а последната глупост која била напишана за неа била поврзана со нејзиниот колега од „Америкаснки идол“, Стивен Тајлер.

Наводно, Џеј Ло го начекала како се бања во хотелот во базенот каде биле сместени и почнала хистерично да вреска. Лопез се погрижила да ја негира и оваа невистина, потенцирајќи дека моментално е насочена кон снимање нови проекти.

Напиши коментар