За прв пат по породувањето, Бијонсе излезе со официјална изјава и тоа за списанието „UK Star“. Во интервјуто, таа вели дека најзиниот сопруг Џеј Зи се нафатил да ѝ помага кога станува збор за менување пелени на малата Ајви Блу. За породувањето таа вели:
– Нема збор кој може да го опише чувството. Во секундата кога дознавате дека сте бремени станувате поврзани со детето кое расте во вас. Но, кога ќе го држите во раце за прв пат, е за тоа нема збор кој би опишал како се чувствував.
Кели Роланд, пак, за Џеј Зи има само пофални зборови:
– Тој делува многу заштитнички и по природа е лојален човек. Штом дозна дека Бијонсе е бремена, во него веднаш можеше да се препознае вистински загрижен татко.