Џејсон Деруло ќе треба дефинитивно да се одмори од пробите за неговата турнеја во 2012 година. Тој е принуден да ја направи оваа пауза од причина што случајно си го повредил вратот на една од пробите за идната турнеја.
– Си го повредив вратот правејќи акробации за претстојната турнеја. Секогаш се трудам да ги поместам границите само за ВАС. Ви се допаѓа мојот нов околувратник? 🙂 , – напишал Џејсон на својот Твитер и воедно ставил и слика како лежи со протеза на вратот.
Инаку, Џејсон е оптимист и баш пред новата година пишуваше колку е восхитен за тоа што го очекува оваа година на професионално поле.
По повредата, Деруло ќе продолжи да вежба за да го претстави најновиот албум „Future History“, но со повеќе внимание.
