Познатата актерка Џени МекКартни на својата 39 годишна возраст, повторно се соблече потполно гола и застана пред објективот. Нејзиното голо тело ќе го краси најново издание на магазинот за мажи Плејбој.

Таа за својата фотографија вели дека е многу софистицирана, и дека ја потсетува на Холивуд, но на многу години наназад кога и голотијата не беше отидена во екстремност како што тоа се случува денес. Иако сум гола, сепак ништо не се гледа, вели таа.

Со оглед на тоа дека таа има 10 годишен син, и било поставено прашањето како тој реагира на сето ова. Џени одговорила: “Во моментов на интернет има многу полоши варијанти на голотија, затоа не мислам дека ова е нешто страшно”.

Напиши коментар