ШоуБиз

Џенифер пак би била дебела? Па за што беше маката да ослабе 36 кг?

Актерката Џенифер Хадсон овие денови е актуелна во јавноста заради својата линија која ја има по напорна работа и диети. Таа успеа да ослабе цели 36 килограми. Но, сега после сè, откако помина целата борба таа изјавила дека повторно би била дебела.

“Доколку новата улога го бара тоа од мене, јас повторно би била дебела. Кога нешто работам го работам онака како што треба, давам сè од себе”, изјавила Џенифер.

Деновиве таа ја објави и својата книга во која ги искажува своите чувства и маки кои ги имала додека ги имала вишокот на килограми.

Напиши коментар