ШоуБиз

Џесика Бил и Џастин Тимберлејк ќе се венчаат на лето!?

Близок извор до Џесика Бил и Џастин Тимберлејк вели дека двојката тајно се подготвува за нивната свадба. Наводно, плановите се однесуваат на ова лето.

Изворот додал дека засега, најголеми шанси за да го креира невестинскиот фустан на Џес има Моник Луилиер, која има креирано свадбени фустани и за Риси Витерспун, Џесика Алба и Шенон Доерти.

Засега, ниеден од двајцата нема искоментирано ништо во врска со гласининте, а немаат потврдено ни дека навистина се свршиле во декември, минатата година. Џес не го ни носи венчалниот прстен, кој е забележан само еднаш досега и не е ништо посебно.

Напиши коментар