ШоуБиз

Џесика Бил и Џастин Тимберлејк во јавност заедно!

Да, не ве лажат очите. Тоа се токму тие, двајцата милечиња на публиката.

Скоро непрепознатлив и скриен позади прилично пораснатата брада и зеленото спортско капче, Џастин Тимберлејк (31) бил забележан во Вествуд, Калифорнија заедно со неговата свршеница Џесика Бил (29).

Да се забележат тие двајца заедно во јавност е вистинска реткост, особено откако се проширија вестите дека парот се свршил за време на нивниот одмор во Монтана, минатиот месец.

Сепак, засега нема никакви докази за било каков свршенички прстен на раката на Џесика. Таа внимателно си ја чувала левата рака во џебот, не дозволувајќи ѝ на случајноста да ја издаде.

Напиши коментар