ШоуБиз

Џесика Бил конечно го покажа свршеничкиот прстен!

За време на една забава во саботата вечер во Њујорк, Џесика Бил била горда да го претстави своето ново парче накит пред очите на јавноста.

Повеќе од еден месец откако вестите за нивната свршувачка излегоа во јавност, Џеси конечно се одлучи да го покаже знакот на љубов од страна на нејзиниот свршеник Џастин Тимберлејк. Ова е всушност прв пат Џесика Бил да се појави во јавност со светкавиот дијамант. И самата двојка многу ретко се појавуваше во јавност по вестите за нивното среќно соединување.

Парот е заедно од 2007 година, а извори блиски до Џесика велат дека таа го обожава свршеничкиот прстен и насекаде зборува за тоа. За жал, засега не може да се добие нивниот портпарол за да ги потврди или демантира гласините.

Напиши коментар