ШоуБиз

Џоли е преслаба! Има само 44 килограми…

Анџелина Џоли признава дека би сакала малку да се здебели, но дека никако не успева во тоа бидејќи е природно слаба. 36-годишната актерка и режисерка ги отфрла обвинувањата дека има пореметување во исхраната и дека боледува од анорексија.

–          Луѓето постојано го велат тоа, но јас од секогаш сум била многу слаба. Дури и мене не ми се допаѓа тоа. Кога луѓето ми велат дека сум како прачка, тоа во Холивуд се смета за комплимент, но мене истото тврдење ме вознемирува. Да можам со магично стапче да си додадам 7 килограми, веднаш би го сторила тоа. Особено ако килограмите отидат на вистинското место, – изјавила Џоли.

Анџелина вели дека е голем љубител на храна и дека особено сака црвено месо. Долго време била веган, но тоа за малку ќе ја убиело. Џоли е висока 172 сантиметри и нејзината нормална тежина би требало да изнесува најмалку 57 килограми. Наводно, моментално таа тежи само 44 килограми.

Напиши коментар