ШоуБиз

Џоли сега ќе снима за Авганистан!

Холивудската актерка и режисерка Анџелина Џоли изјавила дека темата на нејзиниот нареден филм ќе бидат тековните случувања во Авганистан.

Џоли додава дека не е сигурна дали идниот филм ќе се занимава со сериозни теми како војната во Босна, но сепак, таа веќе има една прелиминарна верзија за сценарио за војната во Авганистан. Актерката вели дека дури ни Бред Пит не знае за оваа најнова идеја за филм.

–          Напишав нешто за Авганистан. Никој го нема видено напишаното засега. Ни Бред. Не знам колку е добро, но беше ми задоволство да пишувам, едноставно уживав, – изјавила Анџелина.

Помеѓу двете режисерски остварувања, Џоли ќе глуми во филм на Дизни и тоа улога која нејзните шест деца навистина ја обожаваат.

Напиши коментар