ШоуБиз

Џоли знае дека не е паметно да шета низ Белград :)

Режисерката на филмот „Во земја на крв и мед“ за време на сараевската премиера изјавила дека снимањето на овој филм за неа било неверојатно искуство, а одговорила и на прашањето зошто нема да дојде во Белград, барем засега…

На пресконференцијата, на прашањето на еден репортер дали Анџелина Џоли ќе посети уште некој град на Балканот, таа рекла дека посетата во Белград моментално не е паметен чекор.

–          Не се плашам за својата безбедност, но сметам дека моментов не е најсоодветен. Се чувствува агресивноста и нетрпеливоста во српските медиуми. Мислам дека луѓето во Србија нема да можат јасно да ја прочитаат пораката на филмот. Ако дојдам во Белград, тоа може само да ги разгори страстите. Не се чувствувам добредојдена таму во моментов, – биле зборовите на Џоли, која инаку сака еден ден да го посети Белград.

Џоли се надева дека некогаш ќе го запознае претседателот на Србија, но и дека српската публика ќе сфати дека филмот е чиста уметност.

Напиши коментар