ШоуБиз

Џони Деп и Амбер Хард повторно заедно

Легендарниот Џони Деп повторно се враќа во прегратките на Амбер Хард. Тој очигледно успеал да ја убеди  да му даде уште една шанса.

Актерот ја опсипувал со поеми и цвеќе секојдневно и тоа во времетраење од цел месец.

46 годишниот Џони, кој ја потврди разделбата со Ванеса Паради во јуни, уживаше во кратка летна романса со 26 годишната Амбер, откако се запознаа на снимањето на филмот „The Rum Diary “.

Младата Хард доста брзо реши да ја прекрати врската со Деп со објаснување дека и треба да биде сама некое време.

Но Џони решил да не се откажува од русокосата убавица и почнал да и праќа поеми и букети секојдневно за да ја убеди да му се врати.  Се вели дека Деп сепак успал да ја убеди и таа заминала со него на краток одмор на неговиот приватен остров на Бахамите.

 

Напиши коментар