ШоуБиз

Џорџ Клуни пристигна со својата златна статуетка на Оскарите!

На овогодинешните, 84-ти по ред доделувања на Оскари, вечниот ерген пристигна со својата девојка Стејси Киблер. Иако тој беше ѕвездата и причината што Киблер е само придружничка оваа вечер, по сѐ изгледа, таа беше дамата која блесна во сиот свој сјај.

Во златна тоалета на Марчеза, Клуни имаше дефинитивно добра причина да слави што ќе си оди дома со ваква статуетка.  За жал ,тој не ја доби наградата за Најдобар актер.

Кога на црвениот тепих ја запрашаа Стејси за Клуни таа едноставно рече:

–          Сѐ е поинтересно со Клуни!

Инаку, Клуни е заедно со поранешната борачка од претходното лето и засега одлично се согласуваат.

Напиши коментар