Џулија Робертс е неверојатно природна и убава на насловната сраница на априлското издание на списанието „Vanity Fair“. Нејзината убавина едноставно извира од нејзините очи.
Робертс, која најчесто е насмеана и претерано слатка, зборува со малку посериозен тон за време на интервјуто, и покажува загриженост за нејзиното семејство, славата и состојбата на Холивуд денес. Еве што вели таа:
– Бизнисот е многу поинаков денес. Повеќе не постои моментот кога за нова девојка ќе речат „Од кај па никна оваа?“. Постои само ескпресен лифт и потоа рехабилитација. Ужасно е; никој повеќе не добива период за експерименти и грешки кој всушност секој го заслужува и треба да го добие.
Дефинитивно помина многу време откако Џулија ја играше фамозната проститутка во филмот „Pretty Woman“.