Цвеќињата често се инспирација за невестинските фустани, како што е случајот и со најновата пролетна колекција на Џилијан, наречена Peonia Sposa.
Оваа колекција нуди прекрасни венчаници кои ги користат цвеќињата како модни детали, во бела или пак во многу други бои.
Венчаниците на Џилијан, според модните критичари, се направени во интересен и романтичен медитерански дух и се наменети за невести кои сакаат да изгледаат како најубавото цвеќе во пролетта.