Пејачката Alicia Keys и нејзиниот сопруг Swizz Beatz одлучиле да го продадат својот трокатен пентхаус кој пред две години го купиле од Lenny Kravitz.
За овој луксузен пентхаус кој се наоѓа на Менхетен, во престижниот дел Сохо, брачниот пар во 2010 година платил 13 милиони долари. Се простира на 500 метри квадратни, а има и величествена тераса. Се влегува со кодиран лифт, кој го има на секој кат.
Станот има пет спални соби, четири мали и пет големи купатила, одвоена трпезарија и дневна соба која ја красат библиотека и камин.
Покрај сето ова, има и еден одвоен луксузен апартман, во кој има спа бања и посебна тераса. Еве како изгледа овој рај во случај да размислувате да си купите сличен 🙂








