Актерката Кејти Холмс е прогласена за жената со најубаво тело за 2012 година. Наградата е сосема заслужена бидејќи актерката вложува навистина многу труд за да го одржува своето тело во перфектна форма. Доказ за тоа е и фактот што таа дури и на својот роденден нашла време да ја посети фитнес салата.


На второ место е Кети Пери. Ѕвездата со најубави нозе е Блејк Лејвли, а веднаш после неа е супермоделот Хајди Клум.



За најдобро оформени раце е избрана првата дама на САД, Мишел Обама. Таа има идеален бицепс и може слободно да носи модели без ракави, без разлика на своите години.

Најсексапилен задник има Шарлиз Терон, а Гвен Стефани е сопственичка на идеалното стомаче.


