ШоуБиз

Е сега 50 Сент стварно ја претера!

50 Сент и Џеј Зи, кој пред некој ден ја доби ќеркичката Ајви Блу Картер, веќе со години не се во најдобри односи и постојано се навредуваат еден со друг. Но, ова што сега го направил 50 Цент е навистина претерано.

–          Еве ги првите слики од Ајви Блу! ПРЕУБАВА Е!, – напишал 50 Сент на својот Твитер и закачил слика од бебе на чие тело го намонтирал ликот на Џеј Зи.

Раперот искоментирал и дека нема потреба списанијата да се тепаат кое ќе даде повеќе пари за да ги објави првите слики од најбогатото хип хоп бебе, бидејќи тој веќе ги објавил бесплатно.

Подоцна, раперот додал дека тој на ја направил фотомонтажата, но сепак, ги споделил сликите со своите 5,5 милиони фанови. Џеј Зи и Бијонсе сеуште немаат дадено коментар за овој низок удар на 50 Сент.

Напиши коментар