Дестинации

Еден ден се состои од 24 часа и многу адреналин…Во Дизниленд !!!

Токму овде, 24 часа се дури и премалку, во споредба со царството во кое владеат хармонијата, позитивната енергија и забавата…Добредојдовте во местото каде еден час има шеесетминутно задоволство, а секоја секунда енормна вредност.
Како изгледа еден ден во Дизниленд?… Може да биде прашање на Вашата имагинација, претстава која мора да се потврди и одговор, кој ќе го имате доколку го погледнете следново видео. Во него, паралелно се пренесуваат дејствата од двата грандиозни паркови во Париз и на Флорида. Ваше ќе биде да уживате во двеминутното парче и за момент да си го присвоите светот на бајките…
Можеби ова ќе послужи како инспирација наскоро и да го посетите…

Напиши коментар