ШоуБиз

Една одлична вест! Кејт Мидлтон е трудна

Британските медиуми тврдат дека Кејт и Вилијам го очекуваат своето прво дете, за кое се договориле дека доколку е женско ќе се вика Дијана. Оваа идеа воопшто не и се допаднала на кралицата, но со оглед на фактот дека таа не ја дава круната на ниту еден наследник, нема право ни да одлучува за ова.

Се смета дека Олимпијадата и вториот меден месец им преставува пресвртница во животот. Од тогаш насмевката од нивните лица не се симнува. Сите ја забележаа нивната возбуденост на Олимпијадата, но ретко кој претпостави дека станува збор за оваа причина.

Бидејќи оваа вест сеуште не е потврдена од кралската палата, ќе ја прифатиме со резерва.

Сегашната сопруга на принцот Чарлс, маќеата на принцот, (исто како во приказните) тврди дека Кејт е неплодна.

Се шпекулираше и дека Кејт останала бремена веднаш по венчавката, но го загубила плодот.

Напиши коментар