Џеј Ло доби едно големо изнадување од своето момче Каспер. Тој ја организирал прославата на 43-от роденден на својата сакана во тајност. Луксузна јахта, украсена со многу балони, поканети најблиските пријатели, торта во облик на плишано мече, и една голема слика од Џеј Ло во младите години.


Кога излегле од хотелот Каспер ја воедл Џеј Ло до јахтата, а таа нормално не се ни сомневала за големата организација. Очите и ги прекрил со цел да биде поголемо изненадувањето кога ќе застане пред јахтата.


Џеј Ло блеска од среќа, тоа може да го видиме на секоја фотографија. Таа е облечена во свечена тоалета на Том Форд, со улта црвена боја и екстремно отворен грб.




