Мојата кујна

Едноставна летна паста – рецепт на Џејми Оливер

Потребни состојки:

–          500 гр шери домати

–          150 гр црни маслинки

–          3 чешниња исецкан лук

–          1 лажица вински оцет

–          Лимон, босилок и мајоран

–          10 лажици маслиново масло

–          400 гр моркови

–          Морска сол и мелен бибер

Подготовка:

Во длабок сад измешајте ги исецканите шери домати, лук, ренданиот морков, маслинки  и оцет. Мајоранот и босилокот ставете го во маслиновото масло, додадете го лимоновиот сок и оставете нека отстои 10 минути. Сварете ја пастата во солена вода. Исцедете ја и измешајте ја со свежиот сос, кој ќе го подготвите така што на сосот со домати ќе му го додадете маслиновото масло со зачините.

Напиши коментар