Денес ќе ви предложиме една интересна маникир идеја со уснички на еднобојна основа што ќе внесе доза колорит во веќе сивото зимско секојдневие.
Оваа комбинација на бои што ние ви ја нудиме е мошне актуелна, но вие можете да изберете други бои кои ќе одговараат на вашиот аутфит и стил.

Најпрво нанесете основа во избраната од вас боја и обидете се да одговара со втората боја што ќе ви служи за декорација. Конкретно овие две бои искористени во примерот, сина и црвена се топ комбинација.

Следен чекор е декорација што можете да ја направите со чачкалица или друг остар предмет. Наш совет е најпрво да пробате да ги нацртате усните на лист хартија и откако ќе успеете сторете го тоа и врз ноктите.

Цртањето е мошне едноставно, а изгледа доста фенси и ефектно.

На крај нанесете топ лак за да трае подолго декорацијата и за повисок сјај на ноктите.

