Здраво тело

Ефектот на утринското кафе е измислен

Најновите британски истражувања покажуваат дека ефектот на будење кој утринското кафе го има за повеќето луѓе, всушност е фикција.

Во истражувањето учествувале 88 доброволци на возраст од 18-45 години кои се љубители на кафе и истото го пијат двапати дневно. На едната група доброволци им било дадено кафе со кофеин, но им било кажано дека не содржи, а на другата им било дадено кафе без кофеин и им било кажано дека пијат кафе со кофеин. Потоа истражувачите ги тестирале реакциите и расположението и за изненадување, подобри реакции имале испитаниците што пиеле кафе без кофеин.

Всушност, резултатите покажале дека помислата дека конзумираме кофеин може да произведе поголема и подобра концентрација отколку самиот кофеин, заклучиле истражувачите.

Напиши коментар