Убавина

Ефтина и достапна маска од пивски квасец

Еднаш неделно направете си маска од пивски квасец, која ќе ви помогне да ја повратите здравата боја на лицето и која ќе го поттикне процесот на регенерација на ткивата. Оваа маска е добра за нормална и масна кожа.

Бидејќи изобилува со белковини, пивскиот квасец ја поттикнува регенерацијата на ткивата, ја чува елатичноста на кожата на лицето и го забрзува заздравувањето на раните. Пвскиот квасец содржи калиум кој го забрзува исфрлањето на токсините. Белковините обезбедуваат подобра снабденост на кожата со кислород, виамин Б2 и Б6 и го регулираат лачењето на маснотиите. Пивскиот квасец исто така содржи и железо, фосфор, цинк, манган и селен, минерали кои имаат важна улога во зачувување на здравјето и убавината.

Направете маска од пивски квасец и млеко или вода. Изматете ги состојките се додека не добиете глатка смеса која ќе ја нанесете на лицето во тенок слој. Почекајте целосно да се исуши, па измијте го лицето со млака вода. Во случај да почне да ве пецка лицето порано, тогаш веднаш измијте го лицето со млака вода.

 

Напиши коментар