Толку оригинална фасада на куќа, немате видено !!
Виетнамските архитекти на Vo Trong Nghia, неодамна ја довршија модерната куќа во Хо Ши Мин, уредена за триесетгодишна двојка и нивнта мајка. Станува збор за зградата во облик на цевка, висока 4 метри а широка 20 метри.
Stacking Green е името на зградата која се издвојува од останатите во близината, поради оригиналната фасада и многуте тераси на кои е посадено зеленило. Предниот и задниот дел на фасадата во целост се состојат од слоеви бетонски плантажи кои се потпрени на двата странични ѕида. Интересно е дека оваа зграда содржи малку преградни ѕидови, за ентериерот да биде попростран и се чини дека секој агол нуди поглед на зелена фасада.
Природната вентилација преку вегетацијата и таванот,овозможува проток на природна светлина и воздух, со што се заштедува големата потрошувачка на енергија.
Поради овој еколошки пристап, објектот е изграден врз основа на биоклиматските начела на традиционалните Виетнамски куќи. Оваа зграда со зелена фасада и градина на самиот покрив, заштитува од загадување, бучава и прекумерена сончева светлина.











