Ретки се моментите кога познатите реалити ѕвезди можеме да ги видиме во опуштено издание.
Судејќи според фотографиите, одморот од камерите одлично и одговарал: Ким Кардашијан на својата официјална страна објавила нови фотографии од семејниот одмор во Доминиканска Република.
31-годишната Ким изгледала заводливо како и секогаш во тиркизниот бикини, во кој подготвено позирала со сестрата Клое и мајката Крис.
‘Целото семејство беше во Доминиканска Република…можете да го погледнете нашето патување во епизодите од нашето реалити шоу. Сега гледав во својот апарат и ги најдов овие урнебесни фотографии. Дефинитивно мојот најдраг семеен одмор некогаш. Бидете сигурни дека уште неколку фотографии ќе бидат објавени во следните недели’, објавила познатата Ким.




