Дестинации

El Nido, Palawan – чудесниот остров во Филипините

Филипините се островска држава која се наоѓа во Југоисточна Азија… Не само што оваа држава важи за преплет на интересна култура, премногу убавини и природни богатства, туку во неа се наоѓаат вистински светски чуда кои заслужуваат внимание.

Прекрасниот остров El Nido е една од најубавите дестинации во Филипините…
Она што го прави посебен, се варовничките острови и приливите. А, неговата грандиозност се состои и во фактот, што се наоѓа на топ листата на еко – туристички дестинации. Се наоѓа во близина на Корон, а тоа го прави особено интересна локација за „ scuba diving “. Островот е и дом на археолошки богатства кои сведочат дека ова место за прв пат било доселено пред 22.000 години…

El Nido е карактеристичен и по „ џебната “ бела песочна плажа, која претставува вистински рај за туристите како и по атрактивната местоположба, која во комбинација со сончевите зраци, дефинитивно го овозможува најубавото животно искуство…

Напиши коментар