Денес ќе зборуваме за костимите наменети за поспецијални пригоди. Секако тоа подразбира свадба или пак некоја друга свеченост. Секогаш овие костими се во класичниот традиционален стил, но со тек на време се внесуваат одредени промени. Например, пред извесно време боите биле строго ограничени како и формата. Сега мажите имаат богат избор и овие костими навистина изгледаат сензационално. Ако и на вас ви предстои некоја специјална пригода, овде ќе најдете инспирација за вашиот стајлинг.