Pronovias отсекогаш биле препознатливи по своите елегантни дизајни на невестински фустани. Модната куќа ја претстави својата најнова пролетна колекција која е една од најелегантните и најпрефинетите колекции на венчаници кои сме ги виделе досега.
Она што е најатрактивно кај фустаните од новата колекција е едноставниот но префинет крој. Самите венчаници се сплет на традиционалните венчаници, па дури и наликуваат на фустаните од античко време, но се украсени со прекрасни модерни модни детали.
Венчаниците се комбинација на рачно извезена чипка и тантела, долги велови и многу свила, едноставно нудат изглед на принцеза за секоја невеста.









