Мода

Елегантни и шик комбинации во пролетната колекција на Гучи

Иако зимата изгледа дека ќе потрае, време е да видиме што понудија познатите дизајнери за наредната сезона.

Модниот бренд Гучи, по повод 90 годишнината од постоењето на дизајнерката куќа, ја објави пролетната колекција дизајнирана од младата талентирана Фрида Џанини.

Колекцијата е сплет на панталони со висок струк, сакоа со остри линии и необични фустани кои изгледаат како неверојатно успешна комбинација на ретро и футуристичкиот стил, што ретко им успева на дизајнерите. Ќе пронајдете интересни златни  и бронзени детали, реси но и многу геометриски шари. Иако навидум колекцијата не е многу шарена, ќе најдете парчиња облека во навистина многу нијанси на темни бои: црна, кафена, сива, темнозелена, темносина, освежени со бела, жолта или светлозелена боја.

За оние кои имаат подлабок џеб, пролетната колекција на Гучи е навистина одличен избор, било за бизнис look или пак за елегантни вечерни излегувања.

 

Напиши коментар