ШоуБиз

Elizabeth II прослави дијамантски јубилеј!

По кралицата Victoria, 60 години на британскиот престол на спектакуларен начин прослави и Elizabeth II. Облечена во бело, кралицата стоела на чело на бродската парада по реката Темза, што претставувало кулминација на прославувањето на овој дијамантски јубулеј.

Ако владее уште три години, кралицата Elizabeth II би можела да стане монарх кој има најдолг век на владеење во британската историја.

Иако врнело, тоа не спречило милиони Британци да излезат од своите домови и да ја следат големата и раскошна парада, што секако ја потврдува популарноста на кралското семејство и покрај економската криза и тешката ситуација во земјата.

Поворката составена од 1000 бротчиња ја предводел кралски брод во кој била сместена кралиццата, нејзиниот сопруг и остатокот од кралското семејство. Прослвата завршува во вторник, кога Elizabeth треба да се појави на балконот од својата резиденција во Лондон и да ги поздрави широките маси.

Напиши коментар