ШоуБиз

Елтон Џон: Кариерата на Мадона е завршена!

Британскиот пејач вели дека кралицата на поп музиката изгледа како стриптизета и дека ова се нејзините последни настапи.

Откако ги разочарала фановите во Лондон, а потоа и во Париз и Виена, турнејата на Мадона “MDNA” е во конкуренција на најлошите за оваа година, а сега се изјаснил и нејзиниот долгогодишен непријател.

Елтон Џон (63) вели дека Мадона (53) веќе нема право никого да критикува, а особено кумата на нејзиот син, Лејди Гага, бидејќи таа го изгубила кредибилитет како уметник.

“Таа е како ноќна мора. Извинете, но нејзината кариера е готова. Турнејата ‘MDNA’ е катарстрофална и не може да биде поголемо ‘срање’ од тоа што е. Ако сеуште има здрав разум таа би снимала песни како што е најзиниот хит ‘Ray Of Light’, а не денс хитови.”

Сепак, познатиот британски музичар вели дека Мадона има шанси да се спаси, ако се вразуми…

“Би требало да се придржува за поп песните во што е совршена. Но не, таа не мисли така и затоа изгледа како стриптизета”.

Write A Comment