Британскиот пејач Elton John сака уште едно дете, изјавил неговиот партнер David Furnish и додал дека сеуште се немаат дефинитивно одлучено на овој чекор.
Furnish кажал дека нивниот 2-годишен син Zachary сигурно би бил посреќен кога би имал брат или сестра.
– За тоа зборуваме постојано. Но, сеуште не сме одлучиле како и кога ќе го реализираме тоа, – биле зборовите на партнерот на Elton.
Музичарот и неговиот партнер се во врска од 2005 година. Во тоа време John сакал да посвои едно 14-месечно дете од Украина, но обидот му бил неуспешен поради локалните закони во земјата.
