ШоуБиз

Elton John во болница!

Славниот британски музичар Elton John е хоспитализиран поради сериозна респираторна инфекција.

Sir Elton John (65) е сместен во една болница во Лос Анџелес откако ненадејно му се слошило. Прв пат не се чувствувал баш најдобро по настапот во „Цезаровата палата“ во Лас Вегас минатиот викенд, но бидејќи болката не престанала, вчера бил однесен во болница.

–          Жал ми е што ќе ги разочарам фановите, но се гледаме дури во октомври, – изјавил пејачот, кој морал да ги откаже закажаните настапи оваа недела, дури за на есен.

Пејачот и активист за човечки права моментално е под јаки антибиотици, но се очекува за оздрави за неколку недели.

Напиши коментар