ШоуБиз

Elvis Presley со холограм концерт!

Elvis Presley се враќа на сцена, но овој пат како холограм. На ист начин како што се направи спектакл со починатата музичка ѕвезда Tupac,  компанијата која била задолжена за тој настан ќе организира виртуелен Presley концерт.

Компанијата „Digital Domain Media“ веќе потпишала договор за да создаде виртуелен Elvis кој би се појавил на сцена, телевизија и по филмови.

Кралот на рокенрол музиката останува една од најпопуларните музички фигура во музиката и покрај неговата прерана смрт во 1977 година. Засега не се знае кога ќе биде дебитантското појавување на Elvis како холограм.

–          Неговите доживотни обожаватели ќе бидат воодушевени уште еднаш, а новата публика ќе може да го открие електричното искуство на изведувачот Elvis, – изјавил извршниот менаџер од компанијата задолжена за сѐ што е поврзано со „Кралот на рокенрол музиката“.

Write A Comment