ШоуБиз

„ЕМИ“ награди: Homeland како најголем победник

Синоќа се одржа 64то доделување на „Еми“ наградите, познати како „Оскар“ за телевизиската индустрија.

Homeland, серијата ги собра главните награди минатата ноќ, земајќи го златото за најдобра драма, најдобар актер –  Damien Lewis, најдобра актерка  – Claire Danes и најдобро сценарио.

Хит серијата Modern Family ги зеде нагадите во категориите за комедија, освојувајќи победи за главните ѕвезиди на серијата Eric Stonestreet и Julie Bowen, кои победија во каегориите најдобар актер и актерка во споредна улога за нивното портретирање на членови од хаотичното, дисфункционално семејство.

Едно од изненадувањата на вечерта беше победата на Jon Cryer за најдобар актер во комедија.

Homeland со најмногу освоени „Еми“ награди

Modern Family – најдобра серија во категоријата комедија

Claire Danes и Damien Lewis со наградите на црвениот тепих

 

Напиши коментар