Sweet Home

Ентериер во духот на кубизмот

Gemelli Design Studio е дизајнерското студио водено од стилот кој потсетува на правецот кубизам, предвотено од Пабло Пикасо.

Ладните бои и по малку апстрактни линии го претставуваат просторот кој има необична перспектива, интересен изглед и дизајн. Овој единствен и интересен дизајн дефинитивно го освежува ентериерот и отстапува од вообичаениот и неутрален простор. Секоја просторија во енергичен стил и дизајн, остава силен впечаток и самиот престој во вакво опкружување, овозможува голема доза на енергија.

Ентериерот во духот на кубизмот е идеален за забава, што докажува и „ дивата “ кујна која со својот изглед потсетува на диско клуб со зелени ласерски снопови. Комбинацијата од агли, линии и бои често го оттргнува вниманието од реалните размери, овозможувајќи неопходен комфор дури и во најмалите простории.

Напиши коментар