Desigual е шпански бренд што се одликува со впечатливите бои и интересни комбинации, притови и цветни мотиви што ги има буквално на сите свои призводи. Кога ќе го разгледате каталогот со новата есенска колекција аксесоари ќе ве изненади нетипичната свежина и живи бои за студената сезона.
Меѓутоа овие аксесоари се одличен избор ако сакаме да ја разбиеме монотоноијата на еднобојните есенско-зимски аутфити. Еден ваков детал е доволен да внесеме шик и модерен ефект на она што го носиме.














