ШоуБиз

Eva Longoria кума на ќерката на Beckham-ови!

Victoria и David Beckham за кума на својата ќерка ја одбрале актерката Eva Longoria.

Harper Seven, која сега има 10 месеци, треба да биде крстена подоцна во текот на оваа година, а Eva е воодушевена што оваа улога ѝ припаднала токму нејзе.

–          Victoria ме запраша дали би сакала да ѝ бидам кума на малата Harper и јас секако се согласив. Апсолутно сум воодушевена од таа идеја. Harper е едноставно прекрасна, – изјавила актерката.

Се претпоставува дека церемонијата ќе се одржи во Лондон во вилата на славниот пар. На листата на славните гости се и Tom Cruise со сопругата Katie Holmes, како и актерот Will Smith.

Write A Comment