ШоуБиз

Eva Longoria го шутнала дечкото :)

По една година романтични одмори, вечери и заеднички уживања Eva Longoria и Eduardo Cruz решиле да ја прекинат нивната љубовна врска. Longoria (36) и братот на Penelope Cruz кој има само 25 години, прв пат беа видени заедно минатиот февруари, како заедно ја гледаат изведбата на една фламенго група.

Почнале да се забавуваат околу еден месец по разводот на Eva so кошаркарот Tony Parker. Иако Eva често пати изјавуваше дека е пресреќна што нашла човек како Eduardo, засега не е позната причината за нивното разделување.

„Очајната домаќинка“ досега била два пати во брак и ниеден од нив не бил доволно функционален за неа. За жал, убавицата си има потешкотии во наоѓањето на својот принц.

Напиши коментар