ШоуБиз

Eva Longoria ќе ви најде љубов :)

И покрај сите трачеви што се раширија за Eva Longoria, но и по сликите на кои видовме како таа се прегрнува со Eduardo Cruz, сепак останува фактот дека „очајната домаќинка“ си има дечко!

Убавата актерка овој пат ќе работи како продуцент на едно реално шоу со наслов „Спремни за љубов“, кое ќе се емитува на американските телевизии ова лето.

–          Во оваа емисија ќе се потрудиме да изградиме вистински врски меѓу луѓето и да им помогнеме да најдат љубов, нешто што ќе ги поврзе мажите со жените. Возбудена сум што ќе бидам дел од оваа иновативна програма и им ветувам на момците дека ќе им пронајдеме љубов, – изјавила Eva на една пресконференција, минатата недела во Лос Анџелес.

Write A Comment