ШоуБиз

Eva Longoria повторно во прегратките на Eduardo Cruz!

Во медиумите се прошири веста дека Eva Longoria и Eduardo Cruz ја прекинале едногодишната врска, а и самата актерка ги потврди овие вести изјавувајќе дека моментално е сама и среќна што тоа е така. Сепак, разменувањето нежности во јавност го зборува сосема спротивното.

Eva и десет години помладиот дечко Eduardo повторно ѝ покажаа на јавноста колку се сакаат и дека нивната љубов може многу да истрпи. Шетајќи низ една зоолошка градина, парот постојано си разменувал нежности, се бакнувале и се гушкале. Едноставно уживале во прекрасниот ден заедно со внучето Leo, син на сестрата на Eduardo, актерката Penelope Cruz.

Write A Comment