Eva Longoria конечно се решила да проговори за неверството на поранешниот сопруг Tony Parker, од кој се разведе минатата година. Таа, исто така, размислува и за погрешните чекори од причина што сметала дека таа е виновникот за распаѓањето на бракот.
– Општеството го наметнува мислењето дека жената е секогаш виновна кога мажот изневерува. Таа не знае сексуално да го задоволи, таа е сигурно воздржана. Зошто ме изневерувал? Вината сигурно не е во мене, – изјавила актерката.
Eva го остави францускиот кошаркар откако на неговиот телефон пронашла стотина СМС пораки кои ги праќал на други жени. Таа вели дека во тоа време постојано се прашувала:
– Можеби не сум доволно секси? Можеби не сум доволно убава? Можеби не сум доволно паметна?
