Иако неодамна се појави веста дека раскинале, изгледа дека познатиот пар се смирил и ужива во меѓусебната љубов.
Холивудскиот пар Eva Longoria и Eduardo Cruz видени се како заедно напуштаат еден ресторан во Лос Анџелес. Според нивни близки извори, Eva е подготвена да ѝ се посвети на оваа љубов, па решила да му пружи уште една шанса на Eduardo. Нивното раскинување траело два месеци, но изгледа дека тие не можат еден без друг, или пак едноставно љубовта била поголема од причината за кавга.
На Evа, несомнено, монемтално ѝ оди одлично и на професионален и на приветен план.
