ШоуБиз

Eva Longoria поткраднува :)

Со оглед на тоа дека по осум години заврши една од најпопуларните серии со наслов „Очајни домаќинки“, многу тајни почнаа дури сега да излегуваат на виделина. Некои од актерките почнаа сами да ги откриваат своите тајни од снимањата.

Eva Longoria изгледа си пренела дел од ликот кој го игра и во приватниот живот. Gabrielle Sollis е авантуристка, кокетира и не бира сретства како да дојде до она што го сака, па затоа често запаѓа во неволји. И Eva може да си има проблеми ако ја фателе како краде за време на снимањата.

Убавата актерка изјавила дека украла многу работи од местата каде што снимале, но дека не сака да открие за што се работи за да не ја натераат да ги врати украдените нешта. Се претпоставува дека се работи за ситници, но не се знае што точно украла „очајната домаќинка“.

Напиши коментар