Актерката Лонгорија се раздели со својата летна авантура – фудбалерот Марк Санчез.
Агентот на ѕвездата деновиве потврдил дека Лонгорија и играчот на Њујорк Џетс тргнале по различни патишта.
Истовремено претставникот на фудбалерот коментира: „Марк ја обожава и респектира Ева. Во случајов разделбата се должи на многуте обврски кои ги имаат и двајцата. Но тие повторно ќе бидат добри пријатели.“
Близок човек на парот дополни: „Немаше никаква драма. Едноставно имаат прермногу обврски и различен начин на живот“.

