ШоуБиз

Ева Лонгорија за „GQ“

На насловната страница на декемврискиот број на мексиканското издание на магазинот GQ се појавила разголена фотографија од латино убавицата Ева Лонгорија. Актерката позирала во бела долна облека со пуштена коса.

Иако полека се наближува кон петтата деценија од својот живот, Ева Лонгорија (37) и понатаму изгледа совршено. Во бели гаќички и брусхалтер се фотографирала за насловната, потврдувајќи дека е една од најубавите жени во светот.

Откако заврши серијата „Очајни домаќинки“, Лонгорија своето внимание го пренасочила на големото платно. Во јануари 2013-тата година ќе ја гледаме во филмот „Baytown Outlaws“, во кој игра со Били Боб Торнтон.

 

Напиши коментар