Парот сака да побегне од Kалифорнија поради тоа што нема ниту еден ден мир од папараците.
Поради тоа на крајот од годината ќе се преселат во Мајами каде веќе си пронашле куќа. Тие се во врска веќе година дена.
Рајан Гослинг (31) и Ева Мендес (38) моментално живеат во Лос Ангелес.
Рајан пред одредeно време изјави дека сака што е можно побрзо да основа фамилија со својата седум години постара девојка.
На свој шармантен начин, Рајан и покажал кои се добрите страни на заедничкото живеење и изгледа дека го скршил нејзиниот отпор која таа го имаше за бракот.

